Втората сезона на „The Last of Us“ официјално доби датум за премиера. Како што открива Warner Bros. Discovery, продолжението на популарниот наслов на HBO Original, ќе започне да се емитува на платформата Max на 13-ти април во САД и на 14-ти април во Европа. Премиерата на HBO е истиот ден во 20 часот.
Продолжението на „The Last of Us“ ќе се случува пет години по настаните од првата сезона, во седум нови епизоди. HBO ја опишува втората сезона на следниов начин:
„По пет години мир, минатото ги достигнува Џоел и Ели, вовлекувајќи ги во конфликт еден со друг и свет уште поопасен и понепредвидлив од оној што го оставија зад себе“.
Во втората сезона, Педро Паскал и Бела Ремзи ги репризираат своите улоги како Џоел и Ели, а остатокот од актерската екипа ги вклучува и Габриел Луна, Рутина Весли, Кејтлин Девер, Изабела Мерсед, Јанг Мазино, Ариела Барер, Тати Габриел, Спенсер Лорд, Дани Рамирез, Џефри Ореин и.
Дуото Крег Мазин и Нил Дракман го пишуваат сценариото и извршната продукција, а врз основа на нивните претходни изјави знаеме дека приказната за „The Last of Us“, серијата базирана на истоимените видео игри, се планира да се раскажува во четири сезони.