Втората сезона на Squid Game уште не е излезена, но е номинирана за Златен глобус

Иако втората сезона на Squid Game сè уште не е објавена, таа веќе е номинирана за наградите Златен глобус во 2025 година.

Серијата беше меѓу номинираните за најдобра драмска ТВ серија, иако ќе има премиера до 26 декември. Во согласност со правилата, се квалификуваат сериите емитувани во текот на 2024 година.

Серијата Shōgun, Mr. and Mrs. Smith, Slow Horses, The Diplomat и The Day of the Jackal се во конкуренција со Squid Game. Победниците ќе бидат објавени на 5 јануари на церемонија во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес.

Ли Јунг-Џе се враќа во втората сезона на Squid Games како Сеонг Ги-хун, кој се обидува да стави крај на игрите со враќање во натпреварувањето.

Креаторот на серијата Хванг Донг-Хјук призна дека стресот за продолжување на приказната е поголем, додавајќи дека парите се клучен мотив за враќање: „Првата сезона беше глобален успех, но не заработив многу пари“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни