Втората сезона на Squid Game руши рекорди, стана најгледана серија во премиерната недела

Втората сезона на глобално популарната јужнокорејска серија „Squid Games“ постави нови рекорди, станувајќи најгледана содржина на Нетфликс за време на нејзината премиерна недела.

Втората сезона, објавена на 26 декември, забележа 480 милиони часови гледаност во првата недела, објави новинската агенција Јонхап од Сеул, повикувајќи се на Нетфликс.

Платформата објави дека втората сезона на „Squid Game“ брзо го зазеде првото место на глобалната Топ 10 листа на Нетфликс, влегувајќи во листата на најпопуларни содржини со рекордна брзина.

Од објавувањето минатата недела, серијата се најде на врвот во 92 земји, што е редок подвиг за продукции од неанглиско говорно подрачје.

„Squid Game“ следи таен натпревар во кој 456 играчи се натпреваруваат во смртоносни верзии на корејски детски игри за награда од 45,9 милијарди вони (31,5 милиони долари).

Последната сезона ја надмина првата, која забележа 448 милиони часови гледаност во својата четврта недела по објавувањето во септември 2021 година. Третата сезона се очекува подоцна оваа година.

Во меѓувреме, извештајот на истражувачкиот институт K EnterTech Hub проценува дека Netflix би можел да заработи повеќе од 1,5 билиони вони (1,02 милијарди долари) профит од втората сезона.

Нетфликс го отфрли ова тврдење, наведувајќи дека „не е можно да се процени профитот врз основа на успехот на една продукција“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни