Катедра Аденауер претставува платформа за научно-образовни активности, која ги собира студентите, академските експерти, политичките носители на одлуки и сите заинтересирани во дискусиите за европските интеграции и актуелните предизвици пред Европската унија и Западниот Балкан.
За време на дискусијата, своите ставови и анализи ќе ги изнесат: Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Елена Тиловска-Кечеџи, професор на Правниот факултет во Кичево, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии, Александар Спасеновски и Васко Наумовски, професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Модератор на дискусијата ќе биде новинарката Нора Калиќи, а настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, вклучувајќи ги Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Давор Пашоски, програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауер и Анѓела Ангеловска, проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции од Скопје.
Настанот ќе се одржи на македонски јазик.