Овој протест, познат како „Бојкот во 12. недела“, доби огромна поддршка преку социјалните мрежи и стана главна тема во земјата. Причината? Трошоците за исхрана на едно просечно шведско семејство се зголемиле за 2.740 евра од 2022 година!
Особено загрижувачки се цените на основните производи – пакување кафе чини дури 8,5 евра, а слично е и со другите намирници.
Граѓаните ги обвинуваат супермаркетите и големите компании дека намерно ги зголемуваат цените за поголем профит, додека трговските синџири го правдаат поскапувањето со глобални фактори како војната, цените на суровините и климатските промени.
Иако ефектите од бојкотот сè уште не се целосно јасни, многумина очекуваат дека владата ќе мора да реагира. Дали ова е почеток на поголеми промени или само краткорочен бунт?