Втора епизода на Канвас во МКЦ во петок, програмата ќе ја предводи Bryz

Во петок во МКЦ ќе се одржи втората епизода на Канвас, уникатен спој на музика и уметност, настан за кој организаторите најавуваат дека е повеќе од обична музичка вечер – тоа е кулминација на младинска иницијатива која го става акцентот на самоорганизацизата и меґународното повзуванье преку културата.

Во сржта на Канвас 2 е Грувстер, заедница на млади визионери и љубители на музиката и уметноста. Започнат како едноставна идеја на дваца пријатели, Грувстер денес претставува динамично движење кое создава платформа за младите уметници и музичари, давајќи им простор за самоизразуванье и можност за интернационална соработка.

Настанот е совршен пример за тоа како музиката и уметноста можат да ги премостат границите и да создадат универзална врска. Овоjпат, во фокусот е Bryz, истакнат електронски музичар од Романија, кој ќе ja предводи програмата заедно со 11 други артисти на два стејџа.

Покрај, музичкиот дел вечерта ке биде исполнета и со:

* 5-часовен уметнички перформанс во живо, изведен од мултидисциплинарниот визуелен уметник Крсто Глигорјадис, кој е и од самиот почеток поддржувач и соработник со тимот на Грувстер

* новогодишен маркет,

* Колективно красење на елка – интерактивна активност која ги вклучува сите посетители. Овој настан не е само културно збогатуванье за локалната заедница, туку и рефлексија за младинската иницијатива и самоорганизација во полето на културата и уметноста. Уметниците и музичарите не само што ќе имаат можност да ги претстават своите таленти, туку и да се инспирираат и поврзат со гостите и публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни