Втор студентски час: Студентите повторно се собраа во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Денес се одржа вториот студентски собир кај кампусот на техничките факултети, посветен на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. За разлика од вчерашниот собир, овој пат немаше говори, ниту политичари – студентите во тишина и со седумминутен молк им оддадоа почит на загинатите.

Настанот привлече неколку стотини студенти од различни факултети, кои мирно се собраа заедно во знак на солидарност и сеќавање. Иако немаше присуство на полиција, обезбедувањето околу кампусот беше засилено со приватни служби.

На собирот беше присутен и претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, но тој одби да даде изјава за медиумите.


Студентите со овој собир уште еднаш ја покажаа својата поддршка кон настраданите и нивните семејства, испраќајќи моќна порака на почит и заедништво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни