Играч кој купил ливче за лотаријата Powerball во американската сојузна држава Арканзас освои џекпот во износ од 1,817 милијарди долари на Бадник.
Станува збор за втор најголем џекпот некогаш освоен на американска лотарија.
Добитни броеви
Добитната комбинација на извлекувањето беше: 4, 25, 31, 52, 59, додека Powerball бројот беше 19.
Историски добивки
Наградата од 1,817 милијарди долари е втора по големина, веднаш по рекордниот џекпот од 2,04 милијарди долари, освоен во 2022 година со еден тикет продаден во Алтадена, Калифорнија – најголемата добивка во историјата на Powerball и американските лотарии.
За освојување на џекпотот, потребно е на ливчето да се погодат сите пет бели топчиња и црвеното Powerball топче извлечени за време на извлекувањето, пренесуваат медиумите.
Исплата и даноци
Добитниците на главната награда можат да изберат помеѓу еднократна исплата или ануетна исплата, која започнува со една почетна сума, по што следат 29 годишни исплати што се зголемуваат за 5 проценти годишно.
И еднократната исплата и вкупниот износ од ануитетот се пред оданочување.
Сепак, на ваквите мегадобивки се плаќаат високи даноци. На крајот, на среќниот добитник му остануваат околу 834,9 милиони долари, што е приближно 709,7 милиони евра.