Втор круг на претседателските избори во Еквадор – резултатот крајно неизвесен

Денешните избори не одлучуваат само за политичката насока на земјата, туку и за безбедноста и стабилноста во регион погоден од се поголемо влијание на организираниот криминал.

Граѓаните на Еквадор денеска одлучуваат кој ќе ја води земјата во наредниот период – актуелниот претседател Даниел Нобоа, центрист со ветувања за безбедност и економско заздравување, или Луиса Гонзалес, кандидатка на левицата блиска до поранешниот претседател Рафаел Кореа.

Нобоа во првиот круг во февруари имаше само 16.746 гласови предност во однос на Гонзалес. Анкетите пред вториот круг покажуваат изедначена трка, па сè е можно. Нобоа тврди дека му треба повеќе време за борба против нарко-бандите и економски реформи. Гонзалес, доколку победи, би го означила враќањето на левицата на власт првпат од 2017 година.

Еквадор последниве години се соочува со бран на насилство. Има пораст на криминал, особено од нарко-картели поврзани со Мексико и Албанија, убиства, рекетирање, шверц, па дури и напади во затворите. Сето тоа додека економијата сè уште се бори со последиците од пандемијата и растечката невработеност.

Денешните избори не одлучуваат само за политичката насока на земјата, туку и за безбедноста и стабилноста во регион погоден од се поголемо влијание на организираниот криминал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни