Во скопската кафе-книжарница „Буква“, денес (31 мај) од 16 часот стартува ФИЈУК – саемот на независни издавачи, уметници и автори. Настанот е дел од растечката независна сцена во Скопје и нуди богата програма со изложби, промоции и музика.
Предвидена е следнава програма:
- 16:00 ч. – Отворање на саемот и почеток на излагањето
- 17:00 ч. – Изложба на колажи
- 20:00 ч. – Изложба и промоција на книгата „Trash treasure“ од Илина Ѓорѓиевска, во издание на Партизанска штампа, со колажи отпечатени во техника сито печат
- 22:00 ч. – Концерт на алтернативното музичко трио (точка) ком
„Македонија не е духовно јалова земја. И тука се вреднува искреноста и вирее љубовта кон животот. Живеат конструктивната критика и слободниот израз, светилник во смогот”, стои во најавата на организаторите – порака која ја отсликува суштината на ФИЈУК.
Свое излагање на саемот ќе имаат: Јелена Белиќ, Арт Еквилибриум, Дона Илијеска, Партизанска штампа, Матеј Богдановски, Пркос / Уна Николовска, Симеон Анѓелкоски, Shock Troopers, Наташа Гелева, Gosi Etc, Корн, Данче Ефтимова, Тома Димовски, Матријаршија, Longest Night, Кула, Искра и Архангела.
ФИЈУК е место каде што самостојните гласови добиваат простор за израз и поврзување со публиката. Настанот е отворен за сите љубопитни и креативни духови што сакаат да откријат нешто надвор од комерцијалната рамка.