Втор ден на ЗОИ 2026: Борба за медали во неколку дисциплини

На денешната програма се натпревари во десетици спортски дисциплини, а во неколку од нив ќе бидат поделени и медали

Во Милано, Кортина и останатите центри во Италија денеска продолжуваат Зимските олимписки игри.

На денешната програма се натпревари во десетици спортски дисциплини, а во неколку од нив ќе бидат поделени и медали.

Најатрактивниот натпревар на денот ќе биде женскиот спуст кој почнува во 11.00 часот, откако вчера во истата дисциплина се натпреваруваа мажите.

За медали ќе се борат мажите во дисциплината крос кантри 10+10 километри, потоа следува финалето на мешаната штафета во биатлон.

Медали ќе се поделат и во неколку дисциплини во сноуборд (мажи и жени), во брзо лизгање на 5000 метри мажи, а денот завршува со финалето во тимското уметничко лизгање на мажи.

По првиот ден на ЗОИ, најмногу медали по три (едно злато, сребро и бронза) освоија репрезентациите на Италија, Норвешка и Јапонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни