Товарен брод бил погоден од непознат проектил додека пловел низ Ормускиот теснец, по што избувнал пожар на пловилото и екипажот бил принуден да се евакуира, соопшти британскиот центар за поморска безбедност UK Maritime Trade Operations.
Инцидентот се случил во една од најважните поморски рути во светот, низ која поминува значителен дел од глобалниот извоз на нафта и гас.
Според првичните информации, ударот предизвикал пожар на бродот, по што екипажот побарал итна помош и започнал евакуација. Засега нема официјални податоци за повредени или за тоа кој стои зад нападот.
Инцидентот доаѓа во време на силни тензии во регионот, по воената ескалација меѓу САД, Израел и Иран. Нападите врз бродови во Ормускиот теснец во последните недели ја зголемија загриженоста за безбедноста на глобалниот поморски сообраќај и снабдувањето со енергенси.
Ормускиот теснец се смета за клучна артерија на светската енергетска трговија, бидејќи преку него се транспортира околу една петтина од глобалната нафта.