Врховниот суд му ги поништи царините, Трамп најави нови глобални давачки од 10%

Врховниот суд на САД пресуди дека Доналд Трамп незаконски вовел глобални царини. Претседателот ја нарече одлуката „срамотна“ и најави нови царини од 10 проценти преку друга уредба.

Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот Доналд Трамп го прекршил федералниот закон кога еднострано вовел сеопфатни глобални царини. Одлуката претставува сериозен удар за Белата куќа во прашање што е клучно за неговата надворешна и економска политика, објави CNN.

Мнозинското мислење, зад кое застанале шест од деветтемина судии, го напишал претседателот на судот John Roberts. Во образложението се наведува дека царините се незаконски бидејќи претседателот ги надминал своите уставни овластувања.

„Претседателот си присвојува извонредна моќ еднострано да наметнува царини со неограничен износ, траење и опфат“, напишал Робертс. Според судот, за таква мерка е потребно јасно одобрување од Конгресот, кое во овој случај не постоело.

Судот заклучил дека вонредната извршна овласт што Трамп се обидел да ја искористи „не е доволна“ за воведување вакви глобални економски мерки.

Трамп возвраќа: „Срамотна одлука“

На прес-конференција по пресудата, Трамп ја нарече одлуката „срамотна“ и најави дека ќе воведе глобални царини од 10 проценти преку нова уредба, за која, како што тврди, не е потребна дозвола од Врховниот суд.

Оваа пресуда се смета за еден од најзначајните порази на неговата втора администрација пред Врховниот суд, во кој мнозинство имаат конзервативни судии. Минатата година судот во повеќе случаи застана на страната на претседателот, особено во прашања поврзани со имиграцијата, смените на раководители на независни агенции и кратењето на државните трошоци.

Одлуката отвора нова правна и политичка битка меѓу извршната власт и судството, со можни последици врз глобалната трговија и американската економија,

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни