Времето во Македонија: Сонце и стабилно време, утрински температури под нулата

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Наутро во пониските котлини можно е појава на слаба магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од –2 до 6 Целзиусови степени, а максималните дневни од 12 до 19 степени.

Во Скопје, наутро се очекува локална магла, а преку ден времето ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 степени наутро до 16 во текот на денот.

Според прогнозата на УХМР за утре, ќе продолжи стабилното и суво време со мала до умерена локална облачност и слаб северозападен ветер. Дневните температури ќе се искачуваат до 20 Целзиусови степени.

Метеоролозите најавуваат дека земјава влегува во подолг период на стабилно и суво време, со посвежи утра и можност за магла во котлините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни