Времето се менува: Kраткотреан дожд, а на планините можно провејување на снег

Во Скопје и околината исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, проследени со повремено засилување на ветерот од југоисток.

Денес, времето во Македонија ќе биде променливо со локални послаби врнежи од дожд, особено во западните предели на земјата. На планините над 1500–1600 метри надморска височина се очекува и провејување на снег, а постојат услови и за ретка појава на грмежи.

Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, кој најмногу ќе се чувствува во Повардарието.

Утринските температури утре ќе се движат од 0 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени.
Во Скопје, температурата наутро ќе се спушти до околу 5 степени, а преку ден ќе достигне околу 15 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни