Времето кога си легнуваме влијае врз срцевото здравје

Познато е дека квалитетниот сон игра клучна улога во нашата целокупна благосостојба, но колку повеќе учиме за спиењето, толку повеќе учиме за тоа како добриот сон навистина влијае на телото.

Истражувачите сакале подобро да ја разберат врската помеѓу времето на спиење и срцевите заболувања. За да го направат тоа, тие ги анализираа постоечките податоци за спиење од нешто повеќе од 88.000 возрасни лица во Обединетото Кралство.

Времето на спиење и будење на учесниците од период од седум дена било евидентирано со помош на уред кој се носи на зглобот.

Истражувачите, исто така, поставувале и  различни прашалници за собирање на податоци за демографските, здравствените фактори и факторите на животниот стил.

По околу шест години, повторно ги ангажирале учесниците во истражувањето барајќи дијагнози поврзани со срцеви заболувања, срцеви удари, мозочни удари и слично.

Студијата покажала дека времето за легнување кое се поврзува со најмал ризик од развој на срцеви заболувања е помеѓу 22 и 23 часот.

Оние кои легнале на или по полноќ имале најголема веројатност да развијат срцеви заболувања, дури и ако ги земеме предвид факторите како што се возраста, полот, времетраењето на спиењето, па дури и хронотипот на спиењето.

Поточно, легнувањето на полноќ или подоцна е поврзано со 25% поголем ризик од срцеви заболувања.

Важно е да се забележи дека овие наоди се пример за корелација, а не нужно причинско-последична врска.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни