УХМР соопштува дека денеска македонските граѓани ќе имаат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Прогнозерите велат дека ова е и првиот ден од неделата во која ни пристигнува Африкански топол бран кој носи многу сонце и високи летни температури на воздухот до 36 степен.
Во текот на оваа седмица, во целата наша држава температурите ќе бидат високи и на повеќе места ќе се искачат над 30 степени, особено во Поварадарието.