Времето денеска: Сончево и многу топло со температура до 40 степени

Според прогнозата на УХМР, до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на некои места ќе биде и над 40 степени

Сончево и многу топло време најавуваат и за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот се очекува да има и мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а на некои места тоа ќе биде во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата во текот на денот ќе се движи од 30 до 40 Целзиусови степени.

И во Скопје денескаќе има сончево и многу топло време. Попладне се очекува мала до умерена нестабилна облачност, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се искачи до 40 степени.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во главниот град ќе биде сончево и многу топло, а попладне со мала до умерена облачност.

Температурата утре ќе биде од 30 до 41 степен.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на некои места ќе биде и над 40 степени.

Од УХМР велат дека во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд. 

Промената од среда ќе услови значителен пад на температурата така што во четврток и петок дневната температура ќе достигне 32 односно 33 степени. 

До вторник траат препораките на Владата за заштита на населението од високите температури.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни