Времето денеска променливо со температури до 15 степени

Денеска не очекува променливо облачно време, со услови за слаба магла во поодделни котлини во претпладневните часови.

Како што ќе одминува денот, облачноста ќе се зголемува, а кон вечерните часови и во текот на ноќта на повеќе места ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Температурите ќе се движат во широк интервал, зависно од регионот: утринските минимуми ќе бидат од –4 до 4 степени, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 6 до 15 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој локално може да засилува.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со слаб јужен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 0 до околу 11 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни