Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за денес прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди.

Во попладневните часови во западните делови од државата ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во недела минималната температура во државата ќе изнесува од 9°C до 18°C, а максималната од 26°C до 33°C

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни