Времето до крајот на неделата ќе биде променливо, со краток пролетен здив, а потоа ново влошување. Денеска се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд и слаб до умерен северен ветер, кој наместа ќе биде и засилен. Во Скопје ќе има променлива облачност, а во делови од котлината и услови за повремен слаб дожд.
Утре времето ќе остане променливо облачно, но со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време без поголеми промени.
Во четврток следува најстабилниот ден во овој период. Ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од 15 до 20 степени. Сепак, во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми, а во северозападните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер, особено долж Повардарието.
Во петок повторно следува пресврт. Се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, а можни се и ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места дождот ќе преминува во снег. Температурите ќе опаднат, па максималните ќе се движат од 6 до 14 степени.
Нестабилното и посвежо време ќе се задржи и во сабота. Ќе има локални врнежи од дожд, на некои повисоки места дожд и снег, а на планините снег. Утринските температури ќе се спуштат и до минус 3 степени, додека дневните ќе бидат меѓу 6 и 13 степени.
До крајот на неделата времето ќе се движи од пролетно сонце до дожд, засилен ветер и снег на планините, што значи дека следува типично променлив мартовски финиш.