Нестабилно време за викенд: Можно локално невреме со дожд и грмежи

Викендов Македонија ќе биде под влијание на висински циклон со локален дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите до 19 степени.

Викендов (14 и 15 март) Македонија ќе биде под влијание на висински циклонски систем кој ќе се наоѓа над овој дел од Европа, што ќе донесе променливо и нестабилно време во попладневните часови.

Според прогнозите, утрата и претпладнињата ќе бидат претежно стабилни и сончеви, но во текот на попладнето ќе има зголемена облачност и развој на конвективни облаци. На повеќе места се очекува локален дожд, ретки грмежи и засилен ветер, особено во зоните каде што ќе се развива нестабилноста.

На повисоките планини, над 1900 до 2000 метри надморска височина, повремено ќе провејува слаб снег.

Слични временски услови се очекуваат и во Скопје и околината, каде во попладневните часови ќе има услови за локален дожд, ретки грмежи и повремено засилување на ветерот.

Утринските температури во поголем дел од Македонија ќе се движат околу 0 степени или малку под нулата, додека дневните температури ќе достигнат од 12 до 19 степени.

Во Скопје утринската температура ќе се спушта до околу 0 степени, а преку ден ќе се искачува до околу 18 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни