На 17-ти мај во 18 часот, на 27 мај во 18 часот и на 28 мај во 20 часот во Кинотека на Северна Македонија ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Време на бетон“.
Режијата на филмот е на Игор Иванов, сценариото на Игор Иванов и Томи Салковски, автор на нарацијата е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, додека пак изборот и изведба на музиката се на Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, а монтажата е на Дејан Смилески. Директор на филм е Дејан Крајчевски, а продуцент Томи Салковски, Скопје Филм Студио.
Филмот е направен со поддршка од North Macedonia Film Agency