„Време на бетон“ – најдобар документарен филм на 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм

Документарниот филм „Време на бетон“ на Томи Салковски и Игор Иванов е прогласен за најдобар документарен филм на престижниот 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм.

„Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни