Вредноста на Биткоинот надмина 120.000 долари во клучната „крипто недела“

Најпознатата криптовалута во светот, биткоин, утрово ја достигна својата највисока вредност досега — 122.540,92 американски долари за еден биткоин

Биткоинот за прв пат надмина вредност од 120.000 долари, што претставува голема пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите сметаат на долгоочекуваните промени во политиката во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.

Имено, почнувајќи од денес, Претставничкиот дом на САД ќе дебатира за серија закони што треба да ѝ обезбедат на дигиталната индустрија регулаторна рамка што долго време ја бара.

Во меѓувреме најпознатата криптовалута во светот, биткоин, утрово ја достигна својата највисока вредност досега — 122.540,92 американски долари за еден биткоин.

Овие барања беа поздравени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се нарече себеси „крипто претседател“ и ги повика законодавците да ги променат регулативите во корист на индустријата.

Брзото зголемување, кое доведе до пораст на биткоинот за 29% од почетокот на годината, поттикна пошироки добивки кај другите криптовалути во последните недели, и покрај хаотичните трговски тарифи на Трамп.

Од друга страна, инвеститорите ширум светот внимателно ги следат движењата на пазарот, додека аналитичарите предупредуваат дека, иако трендот е позитивен, нестабилноста останува еден од главните ризици во крипто-секторот.

Сепак, за многумина ова е уште една потврда дека биткоинот го зацврстува своето место како дигитално злато и алтернатива на традиционалните инвестиции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни