Биткоинот за прв пат ја надмина вредноста од 94.000 долари, што претставува ново рекордно ниво.
Овој пораст дојде по извештаите дека социјалната медиумска компанија на Доналд Трамп е во преговори за купување на фирмата за криптовалути Bakt. Овие вести ја зголемија надежта дека идната американска администрација ќе ја фаворизира криптовалутната индустрија.
Наjпознатата криптовалута на светот ја зголеми својата вредност оваа година повеќе од двојно, според извештај на Ројтерс. Последната позната вредност на Биткоинот беше 92.104 долари, а сега достигна 94.078 долари.