Вратете ѝ го сјајот и мекоста: Како да ја опоравите оштетената коса и да ѝ дадете убав изглед

Дали вашата коса е сува, крта и безживотна? Откријте како да го препознаете типот на коса, да ги елиминирате причините за оштетување и да ја вратите нејзината мекоста и сјај со правилна нега и исхрана.

Косата е многу повеќе од естетски додаток – таа е одраз на вашето здравје, навики и животен стил. Ако ви изгледа дека вашата коса е сува, безживотна или лесно се крши, тоа е сигнал дека нешто не е во ред. Во повеќето случаи, оштетувањето на косата доаѓа постепено – поради неправилна нега, лоша исхрана, пречесто стилизирање и занемарување на сигналите што ви ги испраќа телото.

За жал, не постои магичен производ што веднаш ќе ги обнови испуканите врвови и ќе ја врати густината, но постои начин да ја регенерирате косата – одвнатре и однадвор. Опоравувањето бара внимание, доследност и разбирање на сопствениот тип на коса и причините за оштетувањето.

Препознајте го вашиот тип коса

Првиот чекор во опоравувањето е да откриете каков тип коса имате: мрсна, сува, права, кадрава, тенка или густа? Секој тип бара различен пристап.

Оставете ја косата неколку дена без никакви препарати и набљудувајте како се однесува. Ако коренот брзо се мрси, а врвовите се суви – имате комбиниран тип. Ако косата е крта, безживотна и лесно се крши – веројатно станува збор за дехидратација и оштетување од топлина.

Идентификувајте ги причините за оштетување

За да ја опоравите косата успешно, треба да знаете што довело до оштетување. Дали тоа е секојдневна употреба на преса и фен, хемиско бојадисување, агресивни шампони, лоша исхрана, стрес, недостиг на сон и често врзување во цврста пунџа или реп

Дури и обичното миење со жешка вода ги уништува природните масла на скалпот.

Исто така, возраста влијае на квалитетот – со текот на времето, косата станува потенка и побавно се обновува.

Исхраната е основа за здрава коса

Без соодветна исхрана, ниту еден серум, маска или третман нема да направи чудо.

На косата ѝ се потребни протеини, железо, витамини A, C, D, биотин

Вклучете во исхраната: пилешко месо, јајца, лосос, јаткасти плодови, спанаќ, брокула, блитва

Здрава коса доаѓа одвнатре. Диета која ги исклучува основните нутриенти може сериозно да го наруши здравјето на косата.

Во периоди на стрес, физички напор или рестриктивни диети – земајте додатоци по потреба.

Правилна нега

Најчеста грешка во нега на коса е премногу често миење. Сува коса: 2–3 пати неделно. Мрсна коса: секој втор ден (со благ шампон без сулфати)

Мијте ја со млака вода – жешката вода го уништува заштитниот слој на влакното.

Избегнувајте секојдневна употреба на фен и преса. Кога можете – оставете ја косата природно да се исуши, без агресивно триење со пешкир.

Редовното шишање ги отстранува оштетените врвови и го поттикнува здравиот раст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни