Вработените во Лувр штрајкуваа – музејот денеска остана празен

Илјадници посетители чекале во атриумот на музејскиот комплекс од утрово поради прекин на работата на персоналот што работи со посетителите
Фото: Pedro Szekely/Flickr

Поради прекин на работата на вработените во службите за прием на посетители музејот Лувр во Париз денес не се отвори на време, објавија француските медиуми.

Илјадници посетители чекале во атриумот на музејскиот комплекс од утрово поради прекин на работата на персоналот што работи со посетителите, вклучувајќи ги чуварите на галеријата, рецепционерите и обезбедувачите, кои протестираат против влошувањето на условите за работа, јавува АП.

„Тоа е прекин на работата инициран од рецепционерите незадоволни од условите за работа во Лувр. Тоа е масовен израз на негодување. Персоналот одлучи да остане заедно додека не пристигне менаџментот“, рече претставник на музејот Лувр.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни