Се огласи Синдикатот за култура:

Вработените во културата останаа без плата : Mандатoт на Љутков ќе биде запаметен како сузбивач на правата на вработените во културата

Од целата ситуација членството на СКРМ е највеќе разочарано од својот поранешен член Зоран Љутков , кој од позиција на член активно ја поддржуваше политиката на СКРМ за почитување на Колективните договори, но кој од позиција на министер стана вистинскиот трагичар во културата. Неговиот мандат ќе биде запаметен како сузбивач на правата на вработените во културата. Нека му служи на чест.

Вработените во културата во Република Македонија се огласија со соопштение кое го пренесуваме во целост.

„Вработените во културата во Република Македонијаостанаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“.

Секој март од 2021 па наваму, кога се корегира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според Колективниот договор за култура, и оваа година, вработените во културата се соочија со проблеми.

Овој пат – и БЕЗ ПЛАТА

За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок.

Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и сл.

Цел март и почетокот на април наративот насочуван спрема вработените во културата беше дека платата која ја земаме е незаконска,

потоа неуставна, дека КД за култура е истечен, дека е штетен, дека вработените треба сами да се откажат од своите права.

Следеа и стандардните игри со пресметките за плата, кои институциите ги направија според законите и колективните договори, но кои не беа прифаќани од МК и беа враќани назад.

Следејќи го развојот на настаните и опасноста вработените во културата да останат без она што законски им следува, СКРМ најави протест за 11ти април. Веднаш по најавата, на 10ти април стигна известување од Министерството за култура дека платите ќе се прават според законите и колективните договори, и пресметките на институциите беа прифатени.

Поради тоа, во духот на социјален дијалог СКРМ го откажа, односно го „замрзна“ најавениот протест на неопределено време.

Според КД за култура платата требаше да се исплати до 10ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15ти. Вчера беше 17ти и последен работен ден пред продолжениот викенд во очи на најголемиот Христијански празник Велигден, а плата за сите културни работници немаше.

Нема никакво официјално образложение зошт, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како министерство на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата „како и до сега“, за да не доцнела, па „ќе сме се договарале за понатаму“.

Според овој исход, како и според одлуките донесени на состанокот на Советот на СКРМ на 8 април, СКРМ најавува протестен Совет во проширен состав на 22 април 2025, Вторник, во 12 часот пред Министерството за култура.

Понатаму СКРМ ќе го реализира следново:

-Доколку се случи неоснована преправка на платите, СКРМ ќе поднесе кривични пријави до директорите за непочитување на колективните договори и законите, иако во конкретноиот случај се најмалку виновни, но се највеќе одговорни;

-Членството на СКРМ ќе поднесе индивидуални тужби до институциите за неисплата на платите согласно Колективните договори;

-Членството на СКРМ ќе поднесе индивидуални тужби до институциите за парично побарување за )задоцнето исплаќање на платите за изминатите 3 години, кое според Колективниот договор за култура е 10ти во месецот;

-СКРМ ќе ги информира странските амбасади и претставништва, особено на Европската Унија и на САД, за кршење на загарантираните уставни и работнички права во Република Македонија;

-СКРМ уште веднаш ќе се обрати до сродните синдикати од Европа и САД и ќе побара нивно инволвирање во процесите на кршење на правата на вработените во културата.

За понатамошните чекори СКРМ дополнително ќе одлучува во зависност од ситуациите и транспарентно ќе ги објави.

Од целата ситуација членството на СКРМ е највеќе разочарано од својот поранешен член Зоран Љутков , кој од позиција на член активно ја поддржуваше политиката на СКРМ за почитување на Колективните договори, но кој од позиција на министер стана вистинскиот трагичар во културата.

Неговиот мандат ќе биде запаметен како сузбивач на правата на вработените во културата. Нека му служи на чест.

Совет на СКРМ“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни