Вработените во кампањата на Бајден дознале дека тој се повлекува откако тоа беше споделено на социјалните мрежи

Фото: Gage Skidmore/Flickr

Вработените во кампањата на актуелниот претседател Џо Бајден официјалното соопштение дека тој се повлекува од претседателската трка го добиле 20 минути по објавата на социјалните мрежи. Кога го добиле маилот таму пишувало да проверат на X профилот на Бајден.

„Тим, го споделуваме со вас писмото од претседателот Бајден што беше штотуку објавено. Повеќе информации ќе имаме подоцна“ напишале менаџерите на кампањата на Бајден Џен О’Мали Дилон и Хулие Чавез Родригез.

„Очекувајте повик за сите вработени. Благодарни сме што сме дел од овој тим. Повеќе информации наскоро“.

Во е-маилот имало линк до објавата на X, во која претседателот споделува со јавноста дека се повлекува од претседателската трка.

Политико објави дека соработниците на кампањата работеле со делегатите  во моментите кога писмото беше објавено, а Њујорк Тајмс објави дека дури и повисоките соработници на Бајден, како Анита Дан, која ја прави комуникациската стратегија, дознала дека претседателот се повлекува од трката само една минута пред останатите.

Се уште не се знае што ќе се случи со тимот кој работеше на кампањата на Бајден, а Си-Ен-Ен објави дека веќе се ангажираат некои соработници на порашениот претседател Барак Обама да ја поддржат кампањата на потпретседателката Камала Харис.

Извор: Wired

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни