Впечатливо додворување без напнување

Дали некогаш сте посакале да привлечете нечие внимание, а тоа да не биде нападно? Еве на кој начин можете да го направите тоа!

Најдете заеднички интерес и разговарајте со него за тоа
Иако мажите не сакаат жените да бидат вклучени во сето она што тие го прават, добро би било доколку постојат заеднички интереси. Но, морате да бидете искрени и да не се преправате бидејќи кога-тогаш тие би го откриле спротивното. За почеток, доволна е некоја мала работа, како омиленото јадење или омилениот спорт.

Покажете интерес кон него
Толку едноставна, мала, но важна идеја која ја забораваат многумина. Секој сака да се чувствува важен, да чувствува дека партнерот е заинтересиран за нив. И ова започнува уште на почетокот, за време на фазата на додворувањето. Мора да бидете искрено заинтересирани еден за друг.

Насмевка
Само еден едноставен збор: насмевка. Понекогаш, ништо не е помоќно од насмевката. Вистинската насмевка упатена кон него ќе му даде до знаење дека барем ви е удобно околу него, а тоа е голем чекор.

Прашувајте, но внимателно
Прашањата за работата, пријателите и животот се одлични. Но, прашањата за поранешните партнери може да изгледа малку чудно на почетокот. Не заборавајте дека секој од нас има свое минато и свои демони, и, секако, со текот на времето ќе ги дознаете сите овие работи за личноста со која сте. Затоа, нека тие прашања доаѓаат спонтано и природно.

Извор: love.allwomenstalk.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни