Неговите снимки, направени со професионален фотоапарат, ги собра во серија фотографии кои го прикажуваат небесниот спектакл во неверојатни детали.

Скопското астрономско друштво ја сподели оваа серија на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека Кузманоски со своите фотографии „навистина се надмина себеси“ и дека љубителите на астрономијата може да уживаат во прекрасните снимки од затемнувањето.

Фотографиите ја прикажуваат постепената промена на Месечината додека влегува во сенката на Земјата, создавајќи магичен ефект кој ретко може да се види со голо око.