Војвотката од Сасекс: „Ја заборавивме нашата хуманост“ на социјалните мрежи

Војвотката од Сасекс –Меган Маркл ја критикуваше „бескрајната токсичност“ на социјалните мрежи, откривајќи дека таа била цел на „малтретирање и злоупотреба“ додека била бремена со Арчи и Лилибет.

Меган беше главен говорник на панел дискусија по повод Меѓународниот ден на жената на годишниот фестивал SXSW во Остин, Тексас.

Таа рече дека сега се држи на дистанца од таквите коментари заради нејзината благосостојба.

Принцот Хари беше во првиот ред од публиката и го следеше настанот.

Меган истакна дека луѓето „ја заборавиле хуманоста“ во одредени делови од медиумската и дигиталната сфера.

„Големиот дел од малтретирањето и злоупотребата што ги доживеав на социјалните мрежи и на интернет беше кога бев бремена со Арчи и со Лили“, објасни таа.

„ Во тие моменти размислуваш само за тоа и навистина окупиран си со мислите околу тоа зошто луѓето имаат толку омраза во себе-  тоа е сурово“.

Настанот беше насловен како Breaking Barriers, Shaping Narratives: How Women Lead On and Off The Screen.

42-годишната поранешна актерка од Suits, исто така, зборуваше за прашања поврзани со  прикажувањето на мајчинството во филмот.

Меган рече дека за неа е  „вознемирувачки“ тоа што жените „исфрлаат“ омраза една кон друга на интернет.

„Ако прочитате нешто лошо за некоја жена, зошто го споделувате тоа со вашите пријатели? праша таа. „Да беше твојата пријателка, мајка или ќерка немаше да го направиш тоа.’’

„Мислам дека тоа е делот што е толку изгубен во моментов, со она што се случува во дигиталниот простор и во одредени делови од медиумите – заборавивме на нашата хуманост и тоа мора да се промени“.

Настанот на главниот панел на SXSW исто така беше истовремено проследен на YouTube, при што повеќето коментари за Меган беа убедливо позитивни.

Војводата од Сасекс и Меган беа под голем притисок од јавноста и мета на многу критики, особено во таблоидниот печат во Велика Британија, откако се повлекоа од кралското семејство.

Јавните појавувања на парот во јавноста се многу ретки откако се преселиja во Калифорнија и ја основаa фондацијата Арчевел. Меган последен пат беше во Англија во септември 2022 година.



Извор: https://www.bbc.com/news/entertainment-arts-68518526

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни