Меѓу ранетите е и иранскиот амбасадор во Либан. Мистериозниот инцидент се случи во време на зголемени тензии меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран, кои разменија оган преку израелско-либанската граница по нападот на Хамас на 7 октомври.
Пејџерите што експлодираа биле купени нови од страна на Хезболах откако водачот на групата им нареди на членовите да престанат да користат мобилни телефони, предупредувајќи дека може да бидат следени од израелското разузнавање. Официјален претставник на Хезболах изјави за Асошиетед прес дека пејџерите се нов бренд што групата претходно не го користела.

Пејџерите прво почнале да се загреваат, а потоа да експлодираат во џебовите и рацете на оние што ги носеле — особено во јужното предградие на Бејрут и регионот Бекаа во источен Либан каде Хезболах има силно присуство, и во Дамаск, каде што неколку Хезболах членовите се ранети, изјавија либански безбедносни претставници и претставник на Хезболах.
АП се обратиле и до израелската војска, која одбила да коментира за инцидентот. Експлозиите се случиле само неколку часа откако израелската агенција за внатрешна безбедност соопштила дека спречила обид на Хезболах да убие поранешен висок израелски безбедносен функционер користејќи поставена експлозивна направа што може да се активира од далечина.
🚨🇮🇱🇱🇧 BREAKING: Một video khác về một điệp viên Hezbollah bị thương khi máy nhắn tin của anh ta phát nổ khi đang đi mua sắm
— nhaTOT (@360nhatot) September 17, 2024
1200 chiến binh Hezbollah bị thương trong vụ nổ máy nhắn tin. 5 người trong số họ bị thương nặng và đang chiến đấu giành giật sự… pic.twitter.com/NwoNUulQWC
Експертите велат дека експлозиите на пејџер покажале знаци на долго планирана операција – иако средствата не се веднаш познати. Инспекторите немаат непосредни информации за тоа како пејџерите биле активирани или дали експлозивот некако бил прикраден во секој пејџер.
Без оглед на средствата, во овој инцидент се таргетирани многу луѓе со стотици мали експлозии – одеднаш.
Едно видео кое кружи на интернет покажува како маж пазари во самопослуга кога чантата што ја носи на колкот му експлодира, предизвикувајќи го да падне на земја, а случајните минувачи трчаат. Фотографите на АП од регионалните болници известуваат дека собите за итни случаи биле преоптоварени со пациенти. На некои им недостасувале раце или парчиња од нозете во близина на џебот.
Либанскиот министер за здравство, Фирас Абијад, рече дека најмалку девет лица загинале, вклучително и едно 8-годишно девојче, а 2.750 се ранети – од кои 200 во критична состојба – во експлозиите. Повеќето имале повреди на лицето, раката или околу стомакот.
Хезболах во соопштението наведе дека двајца нивни членови се меѓу убиените. Официјалниот претставник на Хезболах, кој зборуваше анонимно, идентификуваше еден од загинатите како Махди Амар, син на еден од членовите на групата во либанскиот парламент.
It’s reported that possibly over a thousand Hezbollah terrorists were killed or injured when a cyberattack on their secure cellphones and pagers caused them to explode.
— Cheryl E 🇮🇱🇮🇱🇮🇱🎗️ (@CherylWroteIt) September 17, 2024
It’s almost… biblical.
Kaboom 💥 pic.twitter.com/QmK4tJyUsr
„Го сметаме израелскиот непријател целосно одговорен за оваа криминална агресија, која исто така беше насочена кон цивили“, велат од Хезболах, додавајќи дека Израел „сигурно ќе ја добие својата праведна казна“.
Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека амбасадорот на земјата, Мојтаба Амани, е површно ранет од пејџер кој експлодирал и се наоѓа на лекување во болница.
Претходно, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах ги предупреди членовите на групата да не носат мобилни телефони, велејќи дека Израел би можел да ги користи за да ги следи нивните движења и да изврши целни напади.
The pagers are generally kept in their pockets.
— 𝗡𝗶𝗼𝗵 𝗕𝗲𝗿𝗴 ♛ ✡︎ (@NiohBerg) September 17, 2024
This means Israel is literally blowing off Hezbollah testicles all across Lebanon today. Hundreds of them.
Well deserved.
pic.twitter.com/uzKvjDa6DA
Сликите видени во вторникот покажаа знаци на детонација, рече Алекс Плицас, експерт за оружје во Атлантскиот совет. „Запалувањето на литиум-јонската батерија е една работа, но никогаш не сум видел вакви експлозии. Изгледа како мало експлозивно полнење“, рече Плицас.
Тоа ја зголемува можноста Израел да бил свесен за пратка пејџери што се упатувала кон Хезболах и успеал да ги пресретне и замени пејџерите пред испораката, рече тој.
Друга можност е електронски пулс „кој бил испратен од далеку и ги изгорел уредите и предизвикал нивна експлозија“, вели Јехошуа Калиски, научник и постар истражувач во Институтот за национални безбедносни студии, тинк-тенк во Тел Авив. „Тоа не е некоја случајна акција; ова е намерно предизвикано“.
Израел има долга историја на извршување смртоносни операции зад непријателските линии.
Во јануари, Салех Аури, висок функционер на Хамас, беше убиен во воздушен напад врз станбена зграда во Бејрут, за кој беше обвинет Израел. Во јули, Израел го уби главниот командант на Хезболах во уште еден воздушен напад. Неколку часа подоцна, Исмаил Ханије, врховниот лидер на Хамас, загина во мистериозна експлозија во Иран, за која е обвинет и Израел.
Израел убиваше милитанти на Хамас во минатото со мобилни телефони и се верува дека стои зад нападот на компјутерскиот вирус Стакснет врз иранската нуклеарна програма во 2010 година.
Експлозиите денеска се случуваат во време на зголемени тензии меѓу Либан и Израел. Хезболах и израелските сили се судираат речиси секој ден повеќе од 11 месеци во позадина на војната во Газа меѓу Израел и Хамас, сојузник на Хезболах кој исто така е поддржан од Иран.
Во судирите загинаа стотици во Либан и десетици во Израел, а десетици илјади се раселени од двете страни на границата. Во вторникот, Израел рече дека запирањето на нападите на Хезболах на северот за да им се овозможи на жителите да се вратат во своите домови сега е официјална воена цел.
Што е пејџер?
Пејџер е радиофреквентен приемник кој може да прима пораки емитувани на одредена фреквенција. Од центарот се испраќаат пораки кои стигнуваат до корисниците на пејџерите. На пејџерот корисниците имаат можност само да добиваат, но не и да испраќаат пораки. Активно тие се користат од лекарите, полицијата и итните служби, но и приватни компании кои испраќаат пораки до поголем број на приматели.
Извор: АП