Возење со такси без возач по улиците на Сан Франциско

И додека голем дел од луѓето ширум светот кои користат такси превоз мака мачат да најдат слободно возило жителите и туристите на Сан Франциско од сега ќе го немаат тој проблем.

Waymo и Cruise добија одобрение за непречено работење, а во пракса тоа би значело дека по улиците постојано ќе циркулираат такси возила кои се управувани на роботски систем, односно без возач. Тоа сосема ќе го промени начинот на транспорт во Сан Франциско, но од друга страна ќе го уништи т.н класичен такси сервис.

Самоуправувачките возила на Cruise досега можеа да превезуваат патници помеѓу 22 часот и шест часот наутро. Waymo пак можеше да нуди услугата само кога контролниот возач е во возилото. Со тоа се потврдува дека безбедноста е на задоволително ниво.

Експертската јавност е со поделени мислења за тоа дали со ваквите такси возила ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, потврдувајќи се за жал дека човечкиот фактор е главна водечка причина за бројот на сообраќајни несреќи. Сепак оставаат праксата да покаже каде и што треба да се менува и усовршува.

Извор: pcpress.rs

Најново

Последни колумни