Денес целиот воздушен простор над земјата беше затворен, а сообраќајот целосно запрен поради, како што се сомнева, голем системски дефект, пишува австрискиот портал Heute.
Небото над Грција во моментов е невообичаено тивко. Податоците од сервисите за следење летови потврдуваат дека моментално не се евидентираат ниту пристигнувачки ниту прелетни авиони.
Претставници на управата за цивилно воздухопловство и аеродромите потврдија за германскиот Bild дека во моментов нема пристигнувачки летови. Како можен причинител се наведува дефект на сите комуникациски системи во воздушниот сообраќај, што довело до оваа драстична мерка.
Погоден целиот воздушен сообраќај
Забраната не се однесува само на патничките и туристичките летови, туку на целиот цивилен воздушен сообраќај над земјата. Точните причини за системскиот дефект сè уште не се познати, а надлежните служби интензивно ја истражуваат состојбата.
Грчките аеродроми и авиокомпаниите работат на пронаоѓање решение, но до тогаш небото над земјата ќе остане празeн.
