Возачот на Итната медицинска помош кој почина откако од Кочани превезе неколку повредени лица на скопските клиника, ќе биде постхумно одликуван.
Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска изјави дека следната недела ќе го одликува починатиот возач за неговиот огромен придонес во спасувањето на жртвите од големата трагедија.
„Немам информација колку часа работел возачот, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти“, додаде Таравари.