Возач на Волво удри пешак на Гологанов и избега од местото на несреќата

Според информациите од полицијата, возилото прво удрило во семафор, а потоа во пешакот, кој бил итно пренесен во болница со екипа на Брза помош.

52-годишен пешак бил тешко повреден откако во него удрило возило „волво“, чиј возач избегал од местото на несреќата.

Несреќата се случила вчера околу 23 часот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

Според информациите од полицијата, возилото прво удрило во семафор, а потоа во пешакот, кој бил итно пренесен во болница со екипа на Брза помош.

„Полициски екипи веднаш излегоа на терен и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот“, велат од СВР Скопје.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од полицијата, а истрагата за околностите на сообраќајката е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни