Возачот на Формула 1, Нико Хулкенберг, беше во центарот на таблоидите откако за трката за ГН на Унгарија се појави со впечатлив русокос изглед, поради што тие го поврзаа овој негов изглед со тој на Кен од филмот „Барби“.
„Фасцинантно што може да направи сменета боја на коса“, рече Германецот откако првото прашање со кое се соочи на прес-конференцијата во Хунгароринг беше дали неговата фризура има врска со облог.
„Не, не е облог… знаете, тој филм за Барби излезе и мислев дека малку дополнителен ПР за мене ќе биде прилично корисен овој период од сезоната“, рече тој.
„Всушност, не, не бев свесен за тоа. Јас навистина не си играв со Барби и Кен кога бев дете. Едноставно не го погодив моментот“.
На социјалните мрежи се појавија и мемиња за изгледот на Хулкенберг кои си играа со неговото презиме, па беше пишувано како „ХулКЕНберг“.
Дури и да бил непланиран, овој потег на Хулкенберг го стави на центарот на вниманието, откако тоа не може да го направи со резултатите на патеката, откако тој има освоено само девет поени од 10 трки оваа сезона.
Извор: Reuters