Возот кој во неделата на 8 декември попладне тргнал од Загреб за Сплит, во текот на патувањето се заглавил во снег во областа Лика поради големо количество снег. Според порталот Далмација Данас, во возот имало околу 150 луѓе, меѓу кои и многу деца.
Возот се заглавил некаде кај Госпиќ во моментот кога голема гранка паднала на покривот од возот. Од тежината на снегот што паѓал гранката се откинала од дрвото.
Од падот на гранката било скршено предното стакло на возот и потоа возот веднаш застанал.
Во текот на ноќта беше организиран автобуски превоз за патниците.
Додека го чекаа алтернативниот превоз, голем број патници излегоа од возот за да добијат свеж воздух за да се скрати времето на чекање, а хрватските портали наведуваат дека во ова најмногу уживале децата правејќи снешко и снежни топки.
Ситуацијата се искомплицирала бидејќи автобусите доцнеле поради лошите временски услови, а патниците штотуку го напуштиле местото каде заглавиле околу три часот по полноќ.