Воз илета од шините поради лавина во Швајцарија: Повредени повеќе лица

Во Швајцарија, воз излезе од шините поради лавина во близина на селото Гопенштајн. Повеќе лица се повредени, а спасувачката акција е во тек.

Рано утрово, поради лавина, воз излета од шините во близина на селото Гопенштајн, во кантон Валис, Швајцарија. Полицијата претпоставува дека во несреќата има повеќе повредени, пренесуваат швајцарските медиуми.

Спасувачката операција е во тек, а властите апелираат за претпазливост. Во моментот на несреќата, во возот имало околу 80 патници, според извештајот на порталот Pomona и швајцарскиот јавен сервис RTS.

Се очекува дополнителни информации за бројот на повредените и состојбата на патниците, откако спасувачките тимови ќе завршат со пребарувањето и евакуацијата.

Извор: TANJUG

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни