Во очи на сезоната на шумски пожари

Воведена делумна забрана за движење во шума

Од јавното претпријатие Национални шуми, ја дообјаснуваат делумната забрана за движење во шума:

За да нема недоразбирања за Забраната за движење во шума, мало објаснување:

Секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30 те подружници на Национални шуми.

Националните паркови ( Пелистер, Галичица, Шар Планина, Парк шумата Водно) се посебни субјекти и Национални шуми за нив не издаваат дозвола.

Пред две години се случија најголемите пожари во поновата историја, а штетата од тие шумски пожари е над 7 милиони евра (само за Национални шуми). Штетата за наредните години е непроценлива, бидејќи изгоре дрвна маса од 380.000 м3.

Воведената делумна забрана за движење во шума е превентивна мерка и нема никакви други намери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни