Ворен Бафет се повлекува од „Беркшир хатавеј“, на негово место доаѓа Грег Абел

Советот на директори на инвестицискиот конгломерат „Беркшир хатавеј“ едногласно го избра Грег Абел за нов главен извршен директор на компанијата, соопшти денеска американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Би-Си“, повикувајќи се на извори запознати со одлуката.

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет, кој над шест децении е на чело на Беркшир, викендов изненади со соопштение дека до крајот на 2025 година ќе се повлече од функцијата директор. Веста ги изненади и акционерите и поголемиот дел од бордот, вклучително и самиот Абел, пренесува телевизијата.

Бафет ќе остане претседател на управниот одбор на компанијата, што значи дека и понатаму ќе има значително влијание врз стратешките одлуки на Беркшир.

Абел досега го водеше енергетскиот и инфраструктурниот бизнис на компанијата и долго време се сметаше за наследник на Бафет, иако официјалната потврда за оваа одлука дојде дури сега.

Набљудувачите оценуваат дека оваа транзиција означува историски момент за една од највлијателните компании на Волстрит, која под водство на Бафет се издигна во симбол за стабилно и долгорочно инвестирање. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни