Вооружени лица нападнаа средно училиште во северозападна Нигерија и киднапираа 25 ученички, убија една вработен и ранија друг, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека девојчињата од интернатот биле земени од нивните соби во 4 часот утринава. Училиштето се наоѓа во Мага, во областа Данко-Васагу во државата Кеби, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на полицијата, Нафиу Абубакар Котаркоши, изјави дека напаѓачите биле вооружени со „софистицирано оружје“ и размениле оган со чуварите пред да ги киднапираат ученичките.
„Комбиниран тим во моментов ги пребарува сомнителните правци за бегство и околните шуми во координирана спасувачка операција со цел да ги пронајде киднапираните ученички и да ги уапси сторителите“, истакна Котаркоси.
Ниту една група во моментов не ја презеде одговорноста за киднапирањето во интернатот, а мотивот за нападот е нејасен.
Нигерија се соочува со повеќе безбедносни предизвици, особено од групи вооружени напаѓачи специјализирани за киднапирање заради откуп.
Киднапирањата, нападите во селата и по главните патишта станаа вообичаени поради ограниченото присуство на безбедносните сили.
