Вонземјаните можеби се премногу напредни за да нѐ забележат

Фото: НАСА

Со оглед на староста и големината на Млечниот пат, претпоставката е дека би требало да постојат и други интелигентни цивилизации. Ново истражување сугерира дека вонземските цивилизации може да се премногу напредни, па поради тоа не може да ги откриеме, но зошто тие не нѐ бараат нам?

Ако бевме под надзор на вонземјани, тие веројатно ќе можеа да го видат сјајот на сончевата светлина што се рефлектира од соларните панели. Тоа е претпоставката што истражувачите ја поставија да симулираат егзопланета слична на Земјата со различни нивоа на покриеност со соларни панели, а потоа тестираа дали напреден телескоп може да ги открие панелите од 30 светлосни години оддалеченост.

Се покажало дека телескопот може да ги открие, но по неколку обиди. Околу 23 отсто од нашата планета би морало да биде покриен со соларни панели за овој метод да им помогне на вонземјаните да не откријат.

Освен тоа, на телескопот би му било потребно многу време за да го идентификува тој сигнал. Тоа значи дека пронаоѓањето на многу напредни цивилизации може да биде исто тешко како и пронаоѓање на цивилизации кои не се доволно технолошки напреднати.

Новата студија во „The Astrophysical Journal“ ги избрала соларните панели како вид на сигнал, бидејќи претходните истражувања покажаа дека тие треба силно да ја рефлектираат ултравиолетовата светлина – повеќе од другите бранови должини. Не само што ова ќе им даде на научниците јасен пат за понатамошно пребарување, туку сончевата енергија е логичен избор за производство на енергија благодарение на тоа колку се чести силициумот и ѕвездената светлина во космосот.

Фото: НАСА

Научниците прво пресметале колкава површина од Земјата треба да биде покриена со соларни панели за да се генерира доволно енергија за сите, според податоците од 2022 година. Бројката е 2,4 отсто покриеност, доколку соларната енергија е наш единствен извор на енергија.

Доколку има десет милијарди луѓе на планетата, бројка за која Обединетите нации велат дека ќе биде најмногу светска популација, процентот на покриеност со соларни панели би го зголемил на три отсто. За 30 милијарди луѓе, со повисок животен стандард, би требало помалку од девет отсто.

„Едноставно енам потреба 23 отсто од површината на Земјата да биде покриена со соларни панели. Но, потребна ни е толкава покриеност за да бидеме пронајдени, поради што е мала веројатноста дека на овој начин ќе откриеме вонземјани“ заклучил тимот.

Млечниот пат е толку голем и стар што статистички би требало да постојат повеќе развиени цивилизации кои колонизирале во сопствените или соседните сончеви системи и барем неколку кои патувале и до соседните галаксии.

Вообичаените објаснувања за нашето непознавање на тие светови е дека Земјата е во мирниот дел од универзимот или дека не сме барале доволно со соодветна технологија.

Другото објаснување е дека вонземските интелигентни цивилизации намерно не игнорираат или пак,  ние сме сами во универзумот.

Новата студија, сепак, дава уште една можност.

„Нашите наоди нè наведуваат да заклучиме дека цивилизациите можеби нема да се чувствуваат принудени да се шират низ галаксијата затоа што можат да постигнат одржливо ниво на население и потрошувачка на енергија во нивниот двор, дури и ако изберат многу висок стандард на живеење“, рече Рави Копарапу. главен автор на студијата и научник во Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

„Сигурно општество кое може да постави огромни структури во вселената може да пристапи и до нуклеарна фузија или некој друг ефикасен метод за производство на енергија“, вели геохемичарот Винсент Кофман од вселенскиот центар Годард на НАСА.

„Тие може да се шират во нивниот сопствен ѕвезден систем, па дури и во блиските ѕвездени системи, но цивилизации ширум галаксијата можеби нема да постојат“, додаде Копарапу.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни