Вонредното собрание на ДПМ закажано за по Нова година

Претседателката на Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 27 јануари ќе закаже продолжување на седницата за вонредното изборно Собрание, поради тоа што на претходната седница немаше кворум за работа.

„Почитувани членови на ДПМ, ве известувам дека закажувам продолжување на седницата за вонредното изборно собрание на ДПМ за 27 јануари .2024 година во 11 часот во просториите на ДПМ, поради тоа што на закажаната седница за 25.11.2023 година немаше кворум за работа“, соопшти Николовска на фесјбук страница на Друштвото.

За претседател на Друштвото остануваат кандидатурите на Миневски Блаже и Нешовски Мирче, а кандидатите за претседател на Собранието на ДПМ се Антоновски Иван и Марковски Стефан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни