Интернет јавноста се уште бруи за вчерашната несекојдневна случка на концертот на групата Coldplay во Бостон.
Додека камерите ги снимаа посетителите во публиката на концертот во еден момент во кадар се најдоа основачот и извршен директор на технолошката компанија „Astronomer“, Енди Бајрон, и неговата колешка – директорка на секторот за човечки ресурси, во интимна прегратка.
Оваа вирална сцена ја искористи Sunnu Hill фестивал во Приштина, во своја објава на социјалните мрежи.
Со фотографија од Бајрон и неговата љубовница, фестивалот порачува: „Внимателно изберете го својот +1“ најавувајќи дека и таму ќе има камери слични на оние на концертот во Бостон.
Инаку, фествалот Sunny Hill ќе се одржи во Приштина од први до трети август а на него ќе настапат познати светски музички имиња како Дуа Липа, Шон Мендез, Фетбој Слим, Пеги Гоу, Анима, Мохак…