Вонредна состојба во 21 држава во САД, а Тајмс Сквер стана скијачка патека

Опасна снежна бура зафати голем дел од САД, поради што е прогласена вонредна состојба во дури 21 сојузна држава, меѓу кои Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Охајо, Џорџија и Конектикат, како и во федералниот округ Колумбија.

Њујорк е парализиран од снег, а улиците се речиси празни. Сообраќајот се одвива исклучително бавно, а надлежните постојано апелираат граѓаните да не излегуваат без итна потреба.

Во меѓувреме, видео од млад човек кој вози сноуборд низ центарот на Тајмс Сквер стана вирално на социјалните мрежи. Тој бил закачен за автомобил кој го влечел низ заснежените улици, додека околните возила се движеле со минимална брзина поради екстремните временски услови.

Сепак, властите предупредуваат дека ситуацијата е сериозна и потенцијално опасна. Слични сцени можеби изгледаат забавно на интернет, но претставуваат ризик за безбедноста во сообраќајот, поради што полицијата редовно предупредува ваквите активности да не се повторуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни