Вонредна состојба на аеродром во Њујорк: Сите летови стопирани по инцидент на пистата

Сите летови на аеродромот ЛаГвардија во Њујорк се прекинати по инцидент со авион и возило на пистата. Истражуваат Федералната управа за воздухопловство на САД и Националниот одбор за безбедност на транспортот.

Американската Федералната управа за воздухопловство на САД нареди целосна обустава на летовите на аеродромот LaGuardia Airport во Њујорк поради, како што наведоа, „вонредна ситуација со авион“.

Противпожарната служба на Њујорк потврди дека нивните екипи интервенирале по инцидент на пистата во кој биле вклучени авион и возило. Пријавата за настанот била примена околу 23:38 часот по локално време, објави CNN.

За случајот е известен и Националниот одбор за безбедност на транспортот, но од таму засега велат дека не можат да споделат повеќе детали.

Контактирана FAA. Засега нема официјални информации за природата на инцидентот ниту за евентуални повредени.

Надлежните најавуваат дека повеќе детали ќе бидат објавени откако ќе заврши првичната истрага.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни