Вечер во 20.00 часот на Летната сцена на градскиот парк во Крива Паланка, ќе биде изведена најновата претстава за деца на Театар Куманово, „Волшебникот од Оз“.
,,Безвременската приказна со која сите пораснавме ќе го разубави летното секојдневие на дечињата, а останатите – ќе ги наврати во најубавите спомени од детството”.велат организаторите.
Режијата е на Бојана Краљевска Стојков, улогите ги толкуваат Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ, Сања Русевска и Никица Јанковски.